Фаучи призна дека измислувал работи за време на пандемијата

Задолжителната дистанца од најмалку 2 метра која ја кркавме за време на пандемијата и задолжително носење маски за деца се мерки кои доктор Антони Фаучи во сведочењето пред Конгресот призна дека никогаш немале некаква научна издржаност.

Пред новото сослушување на Фаучи во Конгресот што деновиве треба да се одржи, Републиканците го извадија целиот записник од неговото сведочење во јануари годинава.

Фаучи на сослушувањето изјавил дека правилото за 2 метра дистанцирање „некако само се појави“ и остана, дополнувајќи дека тој „не е свесен дека постои некоја студија“ што го поддржува социјалното дистанцирање, признавајќи дека такви студии би било „многу тешко“ да се спроведат.

Тој исто така изјавил дека не се сеќава дека прочитал нешто што би дало издржаност на мерката за задолжително носење маски за деца. Тоа што се сеќава е дека не следел ниту една студија за влијанието на присилното носење маски врз децата.

Во истото сведочење, Фаучи изјави дека теоријата дека ковид-19 е протечен од лабораторијата во Вухан е реална можност. Претходно тој застана зад едно истражување кое ја негираше ваквата верзија на почетокот на ковид-19.

Едно од признанијата на Фаучи што ја изненади јавноста е дека тој никогаш не ги разгледува грантовите кои ги потпишува, ниту знае за што се. Фаучи не е сигурен и дека странските лаборатории кои добиваат американски пари, оперираат по истите стандарди како и американските. Тој признава и дека рестрикциите што ги вовел не придонеле многу за спречување на ширењето на вирусот.

Проблем со рестрикциите е што тие доведоа до образовно и општествено назадување на децата, а влијанието на социјалното дистанцирање доведе до зголемена депресија, стрес и анксиозност. Сето ова беше потврдено во студии на американскиот Национален институт за здравје, чиј прв човек беше Фаучи.

3 јуни 2024 - 11:06