Ескорт девојките од 40.000 долари од вечер

Бизнисменот - и многу близок пријател на семејството Гадафи - кој во 2007-ма беше обвинет дека за време на Канскиот фестивал ги преплавува хотелите и јахтите со проститутки, раскажува за тајните на ескортите од Кан.

48-годишниот Ели Нахас беше редовен посетител на фестивалот се до 2007-ма, кога тој беше прогласен за еден главните обвинети во еден од најексплозивните скандали со проституција во историјата на манифестацијата. Тој моментално не смее да излезе од Либан, бидејќи ќе биде уапсен од Интерпол.

Последен пат кога бил таму, Нахас обезбедува повеќе од 50 девојки "од разни националности" на Мутасим Гадафи и други богати клиенти од Средниот Исток. Девојките кои работеле за него биле во опсег од ескорти до манекенки и победнички на мисс, а "средбите" се одвивале во хотелите, јахтите и вилите на ридовите над Кан.

Во август 2007-ма, полицијата упаѓа во собата на Нахас во Карлтон хотелот и го апси по долга истрага во која тој е идентификуван како клучниот играч во кругот на проституција.

Од најскапите проститутки кои наплаќаат по 4.000 долари од вечер, до "камењарки" кои земаат нешто повеќе од 50 долари на час, секоја година заминуваат на "печалба во Кан," за она што една париска курва го нарекува "денот на најголемиот чек во годината."

"Одвај чекаме да почне. Има многу конкуренција бидејќи има многу девојки, ама локалните девојки се во предност. Ги знаеш консиержите во хотелите," објаснува една локална проститутка, која има сопствена веб-страна и која обично избегнува да оди во хотели или барови, освен за време на фестивалот. Таа објаснува дека локалните проститутки редовно им даваат пари на консиержите од најпознатите хотели во градот. За возврат, тие некогаш им препраќаат клиенти.

За време на 10 дневниот фестивал, се проценува дека дневно меѓу 100 и 200 проститутки влегуваат во големите хотели.

Според Нахас, парите можат да бидат многу поголеми, а тоа одлично го некои од најубавите девојки.

"Тие знаат кои се најлуксузните хотели, каде што престојуваат Арапите. Тие може да направат и по 40.000 долари од вечер. Арапите се најдарежливите луѓе на светот. Ако им се допаѓаш ќе ти дадат многу пари. Во Кан тие носат пари во купчиња од 10.000 евра. За нив тоа е како хартија. Тие не ги ни бројат, тие само им ги даваат на девојките без да размислуваат. Го знам системот."

"Акцијата" вообичаено почнува по 22 часот. Девојките седат во лобито, додека нивните потенцијални клиенти ги надгледуваат.

Нахас отфрла дека водел организирана проституција, но признава дека им помогнал на некои девојки да дојдат на фестивалот. Негова работа било "да ги пречека девојките на аеродромот во Ница, да ги донесе до пристаништето во Кан, каде што ги сместувал во чамци и ги носел до јахтите на Гадафи или други луксузни бродови."

До апсењето во 2007-ма, Нахас најмногу бил познат за организирањето на роденденот на Мутасим Гадафи кој чинел 1 милион долари. Тој му платил 500.000 долари на Енрике Иглесијас да присуствува на забавата, Кармен Електра пристигнала за 50.000 долари, а меѓу гостите бил и Кевин Костнер.

"Гадафи никогаш не ја допре Кармен. Всушност таа беше и малку лута бидејќи се чувствуваше дека тој не и посветува доволно внимание. Меѓутоа Гадафи беше срамежливи, верувале или не. Жените први требаа да му пристапат."

Нахас по апсењето минал 11 месеци во затвор во Франција но бил ослободен заради немање докази. Тој објаснува дека по ова, младиот Гадафи му праќал по 25.000 долари месечно за да продолжи да живее, бидејќи неговата репутација во Либан целосно била уништена по апсењето и не можел ништо да работи. Претходно тој имал агенција за модели.

Апсењето на Нахас, не променило ништо во Кан, кој и понатаму е преплавен со луѓе како него.

"Ве молам. Секоја година за време на фестивалот има 30 или 40 луксузни јахти на пристаништето и секоја од нив му припаѓа на некој многу моќен човек. Секој брод има околу 10 девојки на него, тие обично се манекенки и обично се или голи или полуголи. Дрога, алкохол и убави жени. Излези и ќе ги видиш. Сите девојки ги чекаат своите пликоа на крајот од вечерта."

Токму "подарок" во плико е начинот на исплата. На клиентите им е кажано дека парите треба да ги стават во плико, а на него да напишат "подарок."

Кај "девојките од јахтите" во Кан многу е матна границата меѓу професионални проститутки и Б или Ц класа холивудски актерки и модели кои добиваат пари за секс со богати постари мажи.

"Дефинитивно ќе познаеш некои имиња од Холивуд. Има актерки кои направиле лош избор во кариерата и се изгубиле од јавноста. Тие сами на себе си објаснуваат дека она што го прават во Кан е ок, и дека само се во врска со богати мажи, а всушност во реалноста го прават она што го прават и проститутките. Ама ги сакаат парите."

9 мај 2013 - 16:34