Oчередной кирпич в стене*

Джордж Роджер Уотерс, за Сирија

Роџер Вотерс накратко го прекина својот концерт во Барселона за да каже што мисли за Сирија и за потребата пред да се бомбардира некој, прво темелно да се утврди што навистина се случило таму. Ги спомна и „белите шлемови“, кои ги имавме и ние во оној наш пресек што непотребно ги вознемири китовите на македонското натоумие.

„Белите шлемови се лажна организација што постои само за да создава пропаганда за џихадистите и терористите. Тоа е моето мислење. Ако ја слушаме пропагандата на 'белите шлемови' и сличните, ние ќе ги охрабруваме нашите влади да фрлаат бомби врз Сирија. Тоа би било грешка од монументални размери за нас како човечки суштества.

Она што треба да го правиме е да ги убедуваме нашите влади да не фрлаат бомби врз луѓе. Сигурно не пред да го направиме сето потребно истражување за да имаме јасна слика што всушност се случило. Бидејќи живееме во време кога пропагандата е многу поважна од она што стварно се случува - Роџер Вотерс, на концертот во Барселона“.

Ѓубре. Руско.

Туку, стварно, што е со тие „бели шлемови“?

За нив Нетфликс извади документарец што лани се закити со Оскар. Емотивен и трогателен, каков што може и треба да биде документарец на воена тема. Оние што решиле да пробуричкаат подлабоко од понудениот филмски материјал, тврдат дека луѓето од „Бели шлемови“ заслужуваат Оскар, ама не за хуманитарна работа, туку за глума.

„Самиот филм не е вистински документарец“, објаснува Патрик Хенингсен, геополитички аналитичар на 21st Century Wire. „Сите снимки користени во филмот се продуцирани и обезбедени од самите 'бели шлемови'. Екипата на филмската продукција - продукцијата на Нетфликс - нема снимено ниедна од тие таканаречени снимки на спасување“. 

Филмот е ПР покритие за една 100-150 милиони долари вредна маскирана мисија, „невладина“ организација финансирана од УСАИД, британскиот Форин офис, разни ЕУ-членки, Катар и многу други што по мое мислење биле измамени да донираат во оваа спасувачка група, која е сè само тоа не е. Таа суштински е група за поддршка на Ал Нусра, движењето ал-Дин ал-Зенки и други познати терористички групи што дејствуваат во Сирија“, тврди Хенингсен.

Ева Бартлет е канадска новинарска и активистка за човекови права што прозборе за тоа како „жртвите се рециклираат“ и како кај снимките на „белите шлемови“ може да се види едно исто девојче да се „спасува“ на различни локации.

Бартлет зборуваше за тоа на еден панел на Обединетите нации за случувањата во Сирија:

* Oчередной кирпич в стене = Another Brick in the Wall

 

19 април 2018 - 17:14