Дутерте одбива правда од белци

Претседателот на Филипини не прифаќа да одговара пред белци за наводните прекршувања на човековите права, а ако треба да одговара тоа ќе биде на Филипините, пред филипински судија и филипински обвинител.

„Нема да му одговарам на белец... мора да сте будала. Кои сте вие? Јас сум Филипинец. Ние тука имаме наши судови. Сакате да ме носите некаде? Тоа нема да ми се допадне. Јас имам моја држава. И таа функционира. Знам дека функционира, правдата функционира тука,“ изјавил Дутерте.

Коментарите на филипинскиот претседател следуваат откако Советот за човекови права на О.Н. ја изгласа резолуцијата предложена од Исланд за истражување на наводните злоупотреби на човекови права во земјата, поточно неговото отворање на „сезоната на лов“ во која без никаква судска постапка беа убиени илјадници нарко-дилери.

Тој спомена дека неговата земја заради резолуцијата би можела да ги прекине дипломатските односи со Исланд.

19 јули 2019 - 10:15