Дутерте до Канада: Земете си го ѓубрето или војна

Филипинскиот претседател Ропдриго Дутерте се закани дека ќе ѝ објави војна на Канада доколку во најскоро време не си го собере ѓубрето кое една канадска компанија најџукелски им го истури пред 6 години.

„Не знам зошто мислат дека ќе им бидеме депонија. Доколку за недела-две не дојдат да си го соберат ѓубрето, ќе им го товарам на брод и ќе им го вратам. Само гледајте. Не ми е гајле што ќе прават со него, ако сакаат, нека го јадат,“ порача Дутерте спомнувајќи дека е во состојба и да ѝ објави војна на Канада на оваа тема.

Се работи за преку 100 бродски контејнери кои пред шест години, канадската компанија за извоз на пластика Хроник Инк им ги зачука на пристаништето во Манила. Товарот бил деклариран како пластика за рециклирање, само што се откри дека се работи за обично домашно ѓубре: пелени, стара хартија, пластични шишиња, ќеси....

Потегот на Канаѓаните е директно кршење на 30 години старата Базелска конвенција со која на развиените земји им се забранува да носат штетен отпад во земји во развој.

Вака изгледа еден залив јужно од Манила:

 

24 април 2019 - 08:59