Дали ужасот од нехигиена ја спаси Индија од ковид-19?

Индија со целиот свој капацитет да ги има најкатастрофалните бројки во глобалната пандемија на крај заврши под светскиот просек по бројот на починати на милион жители. Излезе дека цело ова време тоа нехигиената ги тренирала за ковид-19.

Во истражувањето на индискиот Центар за научни и индустриски истражувања (ЦИСР) се покажува дека „пониските од посакуваното нивоа на хигиена најверојатно им помогнало на Индијците поуспешно да се борат со ковид-19“.

Студијата која допрва треба да биде рецензирана, објаснува дека високиот паразитски товар и бактериски заболувања кај сиромашните држави и хроничната изложеност на преносливи болести довело до „тренинг на имунитетот“ меѓу нивната популација.

Ова се базира на т.нр. „имунитетна хипотеза“, според која повисоките нивоа на хигиена и опаѓачкиот број на инфекции во развиениот свет довеле до раст на автоимуните болести и алергии. Автоимуните болести се ризик кај ковид-19 бидејќи создаваат хиперактивна имунитетна реакција на самото тело која на крај е причина за смрт.

За луѓето од ЦИСР пред почетокот на студијата било симптоматично што земјите со повисок БДП имале поголем број на смртност од ковид. Тие анализираат 25 параметри, меѓу кои и стапката на санитарни чворови.

„Според хигиенската хипотеза колку повеќе си изложен на најразлични патогени уште од најмлада возраст, толку си подобар во справување со нив. Ниската стапка на хигиена значи повеќе патогени а имунитетниот систем на телото подобро е подготвено да се справи дури и со новите. Кога телото го нема овој тренинг, тоа има претерана реакција што доведува до цитокинова бура која може да биде фатална,“ изјавил првиот човек на ЦИСР и автор на студијата, Шекар Манде.

Едно од прашањата што исто така ги интересира научниците е дали вакцинирањето против туберкулоза придонело за помалата смртност во посиромашните нации, меѓутоа студијата открила „небитна корелација“ меѓу двете работи.

Друга работа што ја објаснува ниската смртност од ковид-19 во Индија е што болеста е најфатална за лицата над 65 години, а оваа демографска група е далеку поголема во развиените и богати држави, отколку во Индија.

28 октомври 2020 - 00:23