Дали Кина откри подобар систем од демократијата?

Општоприфатената логика во политичката наука (посебно по падот на СССР) е дека за диктатурата е неизбежно или да се демократизира или да стагнира. Ова во теорија важи и за Кина. Тоа што е општоприфатена, не значи и дека е точна.

Кинеската влада, која е далеку од непробојна тиранија, претстави "меритократска" алтернатива на либералната, повеќепартиска демократија, тврди Даниел Бел политиколог и професор по филозофија од Цингхуа Универзитетот.

Тој својата теорија прв пат ја објаснува во 2012-та, а од тогаш пишува едиторијали на темава во повеќе западни публикации. Сега ја објавува книгата "Кинескиот модел: Политичката меритократија и границите на демократијата" во која поопширно разлага на темата.

"Не се согласувам со ставот дека има само еден морално легитимен начин за избирање на лидерите: еден човек, еден глас," изјавил Бел на една неодамнешна дебата.

Човекот нема никаква заблуда, и јасно му е дека Кина го нема усовршено ова политичко решение, признавајќи дека "Кинескиот модел" се уште е многу теоретски. Неговата совршена верзија вклучува "вертикална демократска меритократија," со отворени демократски избори на локално ниво, меритократска проценка (како кинескиот испит за јавни службеници) за избирање на врвните лидери, и експериментирање со средната на хиерархијата. Тука, локалните политичари - кои се справуваат со основните прашања - се уште имаат одговорност пред гласачите. Националните лидери, кои мора да се справуваат со комплексни прашања и да носат тешки одлуки кои може и да не се популарни, треба да бидат избрани врз основа на искуство и знаење, за да не бидат поводливи на популизам.

"Ова е политичкиот идеал зад политичките реформи во Кина во изминатите 30 години. Ама и понатаму има голем раздор меѓу идеалот и праксата. Идеалот е разумно добар, и може да продолжи и во иднина да инспирира политичка реформа во Кина," објаснува Бел.

Почетокот на функционирање на овој систем, како што Бел го објаснил, пред се претпоставува дека Кина треба да постигне далеку повисоко ниво на транспарентност, слобода и демократичност.

29 октомври 2015 - 17:55