Дали да ги апсиш, дали да ги жалиш

Виетнамската полиција заплени над 320.000 користени кондоми од луѓе кои во животот за егзистенција мораат да препродаваат користени кондоми.

Во килажа овие 320 илјади тежат 360 килограми, а се запленети во магацин на југот на земјата. Уапсена е и жената која се верува дека сопственичка на магацинот.

Потажниот дел од приказната е дека кондомите (откако некој прво успеал да ја собере таа количина) прво биле перени, па потоа вратени во првобитна состојба со помош на дрвено дилдо, а дури потоа одново препакувани и пуштени во продажба.

Уапсената жена изјавила дека и плаќале по 0,17 долари за килограм кондоми.

Се уште не се знае колку од овие кондоми се продадени на пазарот.

24 септември 2020 - 21:44