Да ти се смачи од Швеѓаниве

Швеѓаните успеаа да станат толку добри во рециклирање што сега почнаа да увезуваат ѓубре од соседите за да го покријат недостатокот на отпад.

Проблемот е што само 4% од ѓубрето во Шведска завршува на депонии, останатото или се рециклира или се користи за создавање електрична енергија.

Програмата "ѓубре во енергија" успева да снабди околу 250.000 домаќинства со електрична енергија, која се добива со обработка на отпадот. За да продолжи да функционира оваа програма Швеѓаните мораа да почнат да увезуваат ѓубре.

"Имаме поголем капацитет отколку што се создава отпад во Шведска," објаснува советничката од Агенцијата за заштита на околината, Катарина Остлунд.

Како решение на проблемот, Швеѓаните увезоа околу 800.000 тони отпад од остатокот на Европа кој ќе го искористат за електрична енергија. Најголемиот дел од ѓубрето е од Норвешка, бидејќи таму е далеку поскапо да се запали отпадот, отколку да им се даде на Швеѓаните.

Договорот меѓу двете држави е следен: Норвешка и плаќа на Шведска да го земе ѓубрето и да го запали заради производство на електрична енергија. По ова Швеѓаните го собираат пепелот (од норвешкото ѓубре) и го враќаат во Норвешка. Крајниот дел е договорен бидејќи самиот пепел може да содржи тешки метали кои се штетни за околината.

24 октомври 2012 - 10:50