Човековата гнаса е статистика на годината

Ако има статистика која треба да се запамети за годинава тоа е дека 90,5% од вкупниот пластичен отпад никогаш не е рециклиран.

На списокот на британското Кралско статистичко друштво, освен пластиката се најдоа и Кајли Џенер, Јафа колачиња (Ресана), Руси и возови.

Додека нерециклираната пластика е светска статика на годината, локално во Британија статистика на годината е дека во еден момент (летоска) 27,8% од вкупната струја е создадена од сончева енергија.

Кајли се најде на листата заради нејзиниот твит („Дали и некој друг веќе не отвора Снепчет?) по што акциите на Снепчет паднаа за 1,3 милијарди долари.

Британските возови се спомнати по лошо бидејќи само 85,9% од нив годинава биле на време, што е најниска стапка во последната деценија.

Русите имаат уште полоша статистика, и тоа мажите, според која 40% од нив нема да доживеат 65 години.

Кај ресаните било забележано 16,7% намалување на бројот на колачиња во пакувањето.

Во 2017, статистика на годината беше дека само 0,1% од територијата на Британија е густо изградена.

19 декември 2018 - 11:35