Блокада на Кале за чистење на "Џунглата"

Откако мигрантите сместени во кампот "Џунгла" кај Кале почнаа да стануваат се понасилни кон возачите на камиони на блискиот автопат, стотици трактори и камиони го блокираа автопатот барајќи негово итно затворање.

Возачите на камиони се пожалија дека се под се поголеми закани и напади од организирани банди и мигранти, кои се обидуваат да се прошверцуваат преку каналот качени на некој од камионите. Во исто време земјоделците се гневни заради уништувањето на нивните посеви предизвикано од ширењето на мигрантскиот камп.

Новата стратегија на која се жалат возачите на камиони,  е фрлање некој поголем, ама не преголем предмет, во камионот во движење, со цел да предизвика намерна мала несреќа за да го сопрат истиот и да се качат на него, додека возачите се занимаваат со штетата на возилото.

Минатиот месец Бибиси објави снимка на која мигрантите сред ноќ со дрво имаа блокирано еден од автопатите, со цел да ги застанат камионите кои возат кон влезот на каналот во Кале.

Во февруари годинава, властите демолираа голема површина од јужниот дел на Џунглата, во обид да се намали бројот на жители, меѓутоа од тогаш популацијата на кампот само расте, па сега демонстрантите повикаа на расчистување на северниот дел. Во неделата, министерот за внатрешни работи на Франција изјави дека Владата и понатаму планира да го затвори кампот.

Од друга страна, луѓето од Здружението на трговци на Кале, неколку пати повтори дека планираат да ја променат својата тактика, откако "меките методи не им донеле ништо освен празни ветувања од државата која им дава приоритет на мигрантите пред трговците, пристанишните работници, туристите, камионџиите и земјоделците."

Некои од инцидентите со бегалците:


 


 

 

6 септември 2016 - 11:23