Бил и Хилари почнаа на Групон да бараат публика за своите говори

Турнејата говори низ 13 градови Клинтонови ја почнаа во речиси празна сала во Торонто, каде пред почетокот колку да изгледа дека има некој од некој на трибините влезниците се продаваа по 5 долари.

Откако видоа како стојат работите Клинтонови одлучија влезниците за својата турнеја да ги пуштат на Групон и тоа со попуст од 60% па во понудата влезниците стигнаа до 35 долари.

На официјалниот сајт на турнејата Бил и Хилари уште држат до себе, па и понатаму има влезници за одредени седишта по цена од 325 долари.

Говорите моментално се на подолга пауза и ќе продолжат дури на 11 април во Њујорк, по што треба да минат во Вашингтон, Бостон, Лос Анџелес и Лас Вегас.

Колумнистката на Њујорк тајмс, Морин Дауд, во текст за гостувањето на Бил и Хилари во Торонто пишува:

„Се уште гледам големи делови со празни седишта - и ми текнува дека и Клинтонови ќе гледаат во тие седишта. Сепак, пред само 4 години Канаѓаните се туркаа во редици за да купат влезници за жената која изгледаше дека ќе создава историја...

... Не ми влегува во глава зошто Клинтонови би решиле како остарени рок ѕвезди да тргнат на турнеја во Канада и САД, во истиот момент кога Демократите се трудат да се оттргнат од нивното затворено, отфрлено раководство и да почнат да го слават мозаикот на возбудливи нови ликови.

Која е целта? Не е инспиративно. Не е во добротворни цели. Не креваат свесност за некоја цел како Ал Гор и глобалното затоплување. Тие ја зголемуваат свесноста само за Клинтонови.“

Во Торонто, во сала која собира 19.000 публика, Клинтонови продадоа околу 3.300 седишта.

10 декември 2018 - 17:04