Бајден му дал на Путин „не пипај“ список

Проблемот со сајбер-напади САД за сега го решија со предавање на Путин на список на 16 круцијални инфраструктурни „ентитети“ кои не смеат никако да бидат допрени од сајбер-напад, под закана дека САД ќе возврати на свој начин.

Бајден на прес-конференција по средбата објави дека се зборувало за сајбер-безбедноста и дека ќе биде воспоставен „механизам“ за „стратешка безбедност“.

„Зборував за предлогот дека одредена критична инфраструктура мора да се забранета за напаѓање, и точка, без разлика со сајбер или други средства.

Му дадов список, го немам со мене, ако не грешам со 16 ентитети - 16 дефинирани како критична инфраструктура, од енергетски сектор до нашите водоводни системи,“ изјавил Бајден.

Двајцата се согласиле заедно да работат во борба против криминалци кои спроведуваат рансомвер активности на нивна територија, и дека двете страни треба да имаат конкретно разбирање што е „недозволиво“ за напаѓање.

И Путин на прес-конференцијата по средбата ја спомна сајбер-безбедноста, само во неговата верзија САД се одговорни за „најголемиот дел“ од меѓународните сајбер-напади.

17 јуни 2021 - 13:35