Бајден де факто го поддржа Сандерс

Од комплетен лузер, берни Сандерс дотурка до тоа да добие неочекувана а многу важна поддршка од Џо Бајден. Да, тој Бајден.

Американскиот потпретседател процени дека Демократите во овој предизборен циклус имаат квалитетни кандидати за номинација. Хилари Клинтон ја пофали заради ефикасната кампања но за Сандерс беше многу подиректен: според него тој е автентичниот глас на борбата против нееднаквоста. 

Хилари сепак е релативно нов играч на оваа тема:

"Берни зборува искрено за нешто што е длабоко и реално. А тој има кредибилитет да зборува за тоа", изјави Бајден во интервју за CNN.

Хилари досега беше фокусирана на некои други теми и во последно време се обидува да се вклучи во проблемот на нееднаквоста, но, тоа е тема која и по делата и по идеите суверено му припаѓа на Сандерс.

"Никој не може да ја спори неговата автентичност на оваа тема", рече Бајден.

Од друга страна, Хилари влезе како апсолутен фаворит во демократската трка за претседателски кандидат но во неделите пред лакмус изборите во Ајова и Њу Хемпшир влегува изедначена со социјалистот Сандерс.

* За политичкиот профил и идеолошкото портфолио на Берни Сандерс види ја нашата статија од септември 2015: Дали Америка е подготвена за демократијата наречена Берни Сандерс?

12 јануари 2016 - 12:00