Американецот си легна на брашното

Сериозни вредносни пукнатини во земјата која почива на фетишот на слободата и индивидуалноста. Повеќе од половина Американци сметаат дека е прифатливо тоа што државата прислушува граѓани.

56 проценти од Американците не гледаат проблем околу последниот скандал со Националната агенција за безбедност која издала наредби за прислушување на комуникациите на милиони Американци во име на заштита од тероризмот.

Само 41 проценти од луѓето сметаат дека оваа пракса е неприфатлива.

Мала надеж од сондажата е дека бројот на оние лица кои се спротивставуваат Владата да ги мониторита сите меилови пораснал на 52 процента; лани биле 47.

Интересно е што повеќе негативни мислења за прислушувањето има меѓу Републиканците отколку меѓу Демократите. Разликата се толкува со фактот што конците моментално ги држи Демократ. Додека беше главен Буш, ситуацијата беше обратна.

Најчудно е што прислушувањето им е поприфатливо на младите луѓе од 18-29 години отколку на оние на возраст меѓу 50 и 64 години.

И така, не многу повеќе од една деценија по пресвртниот напад од 11-ти септември, две третини од Американците веруваат дека борбата со тероризмот е поголем приоритет од заштитата на приватноста.

Џоб дан.