Американците добиваат незгоден комшија

Додека очите на Вашингтон се свртени кон неговите потези околу Украина, Путин тивко но сигурно влегува во нивното најблиско соседство, масовно вооружувајќи сè што се наоѓа јужно од Рио Гранде.

Владимир Путин константно ги зајакнува воените односи со Средна и Јужна Америка правејќи ја Русија доминантна воена сила во тој регион.

Русија ги претрка САД и стана главен снабдувач на оружје во Латинска Америка а Москва веќе гласно размислува и за отворање свои воени бази на Куба, Венецуела и Никарагва, со што би имала постојано присутни воени бродови на Карибите.

Не е случајно што среде украинската криза, Сергеј Лавров најде време да ги посети Куба, Перу, Чиле и Никарагва, најавувајќи дека наскоро ќе стигнат руски пари за каналите во Централна Америка.

Освен со цена и квалитет, Русите успеваат да го продадат своето оружје во овој регион користејќи ја сомничавоста на левичарските влади кон договори со САД и Велик Британија.

Последниот голем договор за оружје Русија го направи со Бразил минатиот октомври кога им го продаде ракетниот одбрамбен систем Панцир - С, мобилните земја- водух ракетни единици Игла а се преговара и за продажба на  борбените авоини Сухои 35.

13 мај 2014 - 08:51