Америка остана заглавена со воен авион од 400 милијарди долари што е неспособен за борба

Ако еден од Ф-35 невидливите воени авиони почне да се искачува под агол над 30 степени за да избегне непријателски напад, заради дизајнерска грешка тој одеднаш би можело да изгуби контрола и да се сруши.

Без да наддаваме дали се смета за полошо или не, некои верзии на Ф-35 не можат да постигнат суперсонична брзина без да ја стопат сопствената опашка или да го излупат ултра скапиот заштитен слој што им ја дава „невидливоста“ пред радари.

Американците авионот го правеа заедно со НАТО сојузници, и тоа цели 10 години, и за тоа време потрошија 400 милијарди долари. Како што одминуваа годините така се трупаа критиките и забелешките околу целиот проект (најскап проект за оружје во историјата) и резултатите што се добиваат од него, сето тоа придружено со растечки трошоци.

Последниот извештај објавен од Дефенс њуз (еснафски медиум) ги открива горните недостатоци на Ф-35 кои претходно се познати само на Локхид Мартин, американската војска, и купувачите.

Проблемот само се зголемува ако се има предвид дека Ф-35 треба да биде столбот на американската воена авијација, каде во следните години треба да се воведат 2.300 авиони од овој модел.

За сега споменатите проблеми не важат за еден од трите модели на авионот, поточно за Ф-35А наменет за авијацијата. Меѓутоа Ф-35Б со вертикално слетување наменет за маринците и морнаричкиот Ф-35Ц имаат недостатоци од „прва категорија“. Во војнички речник, недостаток од прва категорија кај авион може да спречи пилот да ја исполни својата мисија.

Дефенс њуз стига до резултатите од тестовите од 2011 кога Ф-35Б и Ф-35Ц летаат со брзина од мах 1,3 и мах 1,4. На инспекцијата по летот Ф-35Б има „меури и топчиња“ на слојот за невидливост.

На следен суперсоничен тест истата година, Ф-35Ц има структурно оштетување од екстремната топлина што доаѓа од моторот (инаку еден од најмоќните што некогаш е произведен). За да се спречи слично оштетување војската проблемот го решава со наредба до пилотите на Ф-35Б и Ф-35Ц да не летаат со суперсонична брзина повеќе од една минута.

Тука проблемот за американските пилоти е што нивните руски и кинески колеги немаат такво ограничување.

Слично решение американската војска има и за пилотите на Ф-35Б и Ф-35Ц кога е во прашање нагло искачување под агол над 30 степени - да се избегнува остро искачување и останати нагли маневри. Проблемот пак е ист, Русите и Кинезите немаат такво ограничување.

И покрај ваквите резултати, Пентагон и Локхид  на почетокот од месецот постигнаа неформален договор за нарачка на 470 Ф-35-ки, по цена од 34 милијарди долари.

17 јуни 2019 - 12:45