Адвокатот на Трамп ќе лежи во затвор скоро како ресорт

Мајкл Коен во понеделникот почна со служење на 3-годишната казна затвор за лажење пред американскиот Конгрес и уште нешто ситно, на околу 100 и нешто километри од Менхетен во еден од „10-те најудобни затвори во САД“ според Форбс.

„Затворениците имаат лични плакари под клуч во кој можат да ги сместат личните предмети, можат сами да си ја перат облеката во машини за перење и сушални, и користат микропечки за да си ја загреат храната. Исто така имаат и машини за мраз, како и тениски игралишта и опрема за кардио.

Сето тоа го наведе Асошиејтед прес да заклучи дека ’ова е најблиското нешто што американскиот затворски систем го има до камп-населба,’“ објавува Си-би-ес њуз за сместувањето на поранешниот адвокат на Трамп.

Во затворот има 115 затвореници, сите осудени за ненасилни дела, сместени во заеднички бараки, наместо во ќелии за двајца како во затворите со повисока безбедност.

Меѓу останатите затвореници во институцијата се основачот и преварант зад Фајр фестивалот, и еден од поставата на Џерси шор, Мајк Сорентино.

7 мај 2019 - 10:57