A сега малку обратен расизам

Кога жариштето на заразата беше во Кина, Твитер забележа 900% зголемување на хејтспич кон Кина и Кинезите. Ама, тркалото се врти. Сега таму кога ќе видат плави очи, домородците ги фаќа паника.  

Како што последниве недели здравствените инстанци во Кина зачестено јавуваат за нови, овојпат увезени случаи на коронавирус, странците кои живеат таму почнуваат да ги забележуваат  промените во околината. Биваат одбивани по ресторани, продавници, теретани и хотели, ги подложуваат на дополнителни проверки, им се вика по улица, ги избегнуваат на разминување.

„Кога минувам покрај некого, кога ќе види дека имам сини очи, како попарен потскокнува на страна,“ вели за Гардијан 33 годишен Ирец кој живее во Шангај (и има плави очи).

Искуствата на странците со локалците во последно време им се од социјално непријатни до ксефонобични. Еден кинески портал деновиве имал наслов: „Пазете се од вториот бран кој ни го носи странското ѓубре“.

Избегнување на втор бран зараза во моментов е примарна задача на земјата која полека се враќа во нормала после неколкумесечната парализа.

Ви последните седум дена, во земјата се детектирани само шест случаи на локално трансимитирана зараза додека дузина се дојдени од надвор. Од почетокот на кризата, во земјата има вкупно 595 случаи на увозен коронавирус кој главно доаѓа со луѓе од Велика Британија.

29 март 2020 - 21:19