Зошто нема да добиеш на лото

Еден амандман на вашиот оптимизам дека некогаш ќе ви се падне на лото вака ги поставува работите: коментарот на статистиката дека секој 4-ти што пишува пораки додека вози загинува во сообраќајка најчесто е "тоа не може да ми се случи мене"; коментарот на тоа дека веројатноста да добиеш на лото е милиони и милиони спрема еден најчесто е "никогаш не се знае".

Шансите на просечен Американец да му се падне премијата од 1,4 милијарди долари е 292 милиони спрема 1, или како што Вајард ги поставува работите - нешто поголеми отколку да ти го извлечат името од вреќа во која се имињата на сите жители на САД.

Веројатноста од 292 милиони спрема 1, доаѓа од бројот на комбинации кои се можни во Пуербол. Добитната низа е составена од 5 бројки од 1 до 69, и една дополнителна бројка од 1 до 26. Без разлика колку пари се во игра, оваа веројатност останува иста. Толку беше и во ноември кога џек-потот беше 40 милиони долари, толку е и сега на 1,4 милијарди.

Обидувајќи се да приуштат некаква утеха за сите кои нема да добијат премија по утрешното извлекување, Вајард потсетува на расходите што следуваат за добитникот. Прво, 1,4 милијарди долари следуваат само ако избереш парите да ти бидат исплатени на 30 години, ако сакаш одеднаш тогаш ти следува 868 милиони долари. "Затоа што не си богат и немаш на располагање легија адвокати кои стојат меѓу твоите пари и владата" ќе треба да платиш 40% данок на државата, а плус на ова УЈП задржува дополнителни 25 до 28% затоа што си се збогатил од игри на среќа.

Во зависност од тоа дали живееш во сојузна држава без локален данок, на крај може да извлечеш 524 милиони долари. Во спротивно сумата може да се намали и до 394 милиони долари.

За тие со логика "па ќе купам 292 милиони ливчиња и сигурно ќе ми се падне," математиката не излегува воопшто позитивно, односно во првиот случај (со 524 милиони) добиваат 1,79 долари од ливче, а во вториот случај само 1,35 долари од ливче. Едно ливче за Пауербол се продава за 2 долара.

Нормално како што расте џек-потот така се подобрува и математиката на планот за купување 292 милиони ливчиња, меѓутоа подеднакво нормално е дека и понатаму постои шанса и друг играч да ја има истата добитна комбинација.

Инаку купчето за џекпотот е составено од 32,5% од парите од продаените лото ливчиња и сумата што е наследена од претходното коло.

Инаку ова со веројатноста од 292 милиони спрема 1 е од минатиот октомври кога организаторот одлучи да го крене опсегот на обични бројки од 59 на 69, а да намали кај дополнителните од 35 на 26. Пред оваа промена, шансите беа 175 милиони спрема еден.

12 јануари 2016 - 20:13