Зошто Буш ја почна војната во Ирак?

Знаеме дека не е демократија или оружје за масовно уништување, ама не е ни ирачката нафта или израелски интереси.

„Попрво, администрацијата на Буш изврши инвазија на Ирак како показна вежба,“ пишува професорот од Џорџ Мејсон Универзитетот, Асан Бут.

Неговата истрага на причините за војната покажува дека брза и одлучна победа против Ирак лоциран во срцето на арапскиот свет, ќе испрати порака до сите држави посебно оние од типот на Либија, Иран или Северна Кореја, за моќта на американската хегемонија, „со други зборови, ирачката војна беше мотивирана од желбата да се зацврсти позицијата на САД како водечка светска сила“.

Доналд Рамсфелд и пред нападите од 11-ти септември е на став дека соборувањето на Садам ќе го засили кредибилитетот и влијанието на САД во регионот.

Сето ова само катализира на 11-ти септември, кога „симболите на американската воена и економска моќ беа разрушени.“

„Водена од понижување, администрацијата на Буш чувствуваше дека САД треба одново да ја наметне својата позиција како хегемон без конкуренција. Единствен начин да испрати порака која ќе биде толку заканувачка е бескомпромисна победа во војна.

Сепак, Авганистан не беше доволен за ова бидејќи едноставно беше премногу слаба држава...

Плус, Авганистан беше фер плен, око за око одговор за тоа што Талибанците му дадоа засолниште на раководството на ал Каеда,“ пишува Бут.

Во тоа време раководството на Пентагон е на став дека ограничувањето на американската реакција само на Авганистан е опасно „ограничено, оскудно и недоволно“. И дека нападот само на оваа земја може да се смета како „знак на слабост наместо на сила“ и дека тоа „ќе ги охрабри наместо да ги обесхрабри“ режимите противници на САД.

„Ирак одговараше на описот затоа што беше помоќен од Авганистан и затоа што беше на мета на нео-конзервативците уште од моментот кога Џорџ Буш постариот одби да го освои Багдад во 1991.

Режим кој продолжува да пркоси и покрај воен пораз едвај можеше да биде толериран и пред 11-ти септември. По нападот, тоа стана незамисливо,“ објаснува Бут.

20 март 2019 - 11:29