Жртвите на "Џокер" го тужат киното

Додека се уште е во тек судењето против убиецот, дел од жртвите на масакрот во Аурора, одлучија да отштета од киното пред кое загинаа 12 лица.

Тројца преживеани од пукањето поднеле тужба против киното заради слабо обезбедување. Во тужбата се тврди дека киното немало ангажирано никакво обезбедување за полноќната проекција и покрај инцидентите што таму се случувале во минатото.

Друга основа е дека задната врата преку која влегол убиецот, немала никаков аларм.

"Тужбата се базира на неуспехот на Синемарк да осигура обезбедување за киното и посетителите. Имањето процедури, опрема и персонал за обезбедување, многу веројатно би го спречил напаѓачот да го изврши убиството," изјавил адвокатот на тројцата преживеани.

22 септември 2012 - 16:31