За училишта со КП дом дизајн

По последниот училиштен масакр во Тексас, наместо поставување на вистинските прашања, таму повторно се отворија дебатите за дизајнот на американските училишта. Те имале премногу прозорци, премногу влезови, те немало доволно бришан простор за навреме да се пука кон напаѓачот. И стварно, затворине што убаво се смислени.

На активистите кои бараат засилена контрола на оружјето не им се верува дека дебатата за безбедноста на американските цивили, особено најмладите, повторно оди во правци кои ги форсира спротивставеното лоби, оние кои повикувајќи се на светоста на амандманите, се залагаат за слободно поседување оружје. 

„Во осумте илјада кампуси во Тексас постојат премногу влезови и премногу излези и сето тоа многу тешко се контролира“, изјави еден политички претставник на крилото собрано околу Националната организацијза за оружје.

Дебатата околу архитектонските мани на школите започна уште со оној документиран масакр во Колумбајн во 1999 година и се разгорува после секое масовно пукање по американските училишта. 

За зголемување на безбедноста, љубителите на оружје ја форсираат тврдата линија, наставниците да се обучуваат и вооружуваат, да се намалува бројот на влезови, да се засили мониторингот и слично.

Другите пак укажуваат дека без промени во законите, работа на едукација и подобрување на менталното здравје на нацијата, таквите мерки ќе бидат слаб панцир за американските ученици.

5 јуни 2018 - 14:55