УСАИД подесно од ВМРО

На тема на женски права и родова еднаквост, на состанок во ОН зад затворени врати, УСАИД и други претставници на актуелната американска администрација, буткале толку конзервативна агенда што многумина оцениле дека таа е многу подесно од позициите на Русија и на арапските држави.

Членови на американскиот департмент за здравство, УСАИД и Американската мисија при Обединетите нации инсистирале референци за контрацепција, абортус и суштинско сексуално образование да бидат извадени од конечната верзија на документот важен за дефинирање на меѓународната родова еднаквост, пренесува Спутник, Алекс Џонс, Базфид.

Се работело за преговори зад затворени врати во рамките на двонеделната сесија на Комисијата за статусот на жените, сесија која многумина ја оценуваат како најважната средба за јакнење на положбата на жената во светот.

На тие преговори Американците буткале конзервативно агенда - вклучително давање примат на сексуалната апстиненција - која заедничката политика ја бурка многу подесно од позициите на озлогласено конзервативни земји како што се оние од Блискиот исток или путинова Русија, открил претставник на ОН на репортерите на Базфид.

Уште на самите почетоци на сесијата, претставникот на УСАИД и еден ополномоштен американски анти-трансџендер активист најавиле за каква политика ќе се залагаат објаснувајќи дека САД се „про живот“ нација.

„Кога тоа го рекоа, настана штама. Сите беа запрепастени, со фаца „Нè заебавате, така?“, опишува човек на Обединетите нации кој учествувал на разговорите.

Директорот на Меѓународната коалиција за здравјето на жената, Стан Ковалски, оценува дека позициите на актуелната американска администрација се подесно и од минатогодишните па дури и од оние од времето на Џорџ Буш. Тогаш тие форсираа анти-абортус политики надвор од САД но опсегот беше лимитиран само на програмите за семејно планирање.

На само третиот ден од престојот во Бела куќа, Трамп потпиша засилена верзија од тн Mexico City Policy, правило по кое се забранува американско финансирање на невладини организации во странство кои имаат каква било, па макар и дебатна врска со абортусот.

Во текот на целата двонеделна дебата американските претставници се обидувале да ја свртат меѓународната политика кон потребата од едукација за предностите на апстиненцијата и учењето на жените на „вештини да одбијат“.

Ваквите ригидни ставови завршиле така што повеќето од 45-те земји членки на Комисијата за статусот на жените застанале против американските настојувања, потврдиле дури шест извори упатени во разговорите.

Ваквите разговори во ОН често се чиста политика и однапред се знае која земја какви ставови ќе зазеде. За многумина посматрачи, ова била ретка прилика да се види како против талибанските погледи на САД застанале речиси сите други земји - некои од нив со сосема неспоиви видувања за приоритетите за вакви прашања - и се обединиле против американските настојувања. Во таа коалиција контра САД се нашле дури и земји во кои абортусот се казнува парично или со затвор, пренесува американскиот медиум

Алма Голден од УСАИД и Валери Хубер од здравство ги нагласиле анти-абортус политикитие на нивните институции и на една друга неформална средба, на брифингот со присутните НВО-а, на која сакале да ги објаснат „американските приоритети околу меѓународните женски прашања“. На таа средба невладините биле инструирани да не носат лап-топи и дека ќе можат да фаќаат белешки само рачно, на хартија.   

19 април 2018 - 15:33