Тајни на авиокомпаниите што ќе ви направат неубаво

Меѓу другото не сакате да пробате ништо на авионот што не ви го служат затворено, не сакате да знаете дали пилотите се цело време будни, и не сакате да побарате ќебе или перница.

Затемнетите светла треба да ве подготват за евакуација, не за спиење. "Кога авионот се приземјува светлата во него се пригушуваат во случај да треба да се прави евакуација при слетување... вашите очи веќе се навикнати на темницата и ќе можете полесно да гледате кога ќе излезете од авионот."

ВЦ-то се отклучува од надвор. "Обично има механизам за заклучување скриен под знакот за забрането пушење на вратата од ВЦ-то. Само дигни ја налепницата и отвори."

Дишеш воздух од моторот. "Воздухот во кабината всушност е компресиран воздух собран од моторите. Најголемиот дел (25 до 50%) се испушта во кабината на пилотите а остатокот е за патниците. Воздухот излегува од авионот преку мала дупка во задниот дел од трупот на авионот."

Ќебињата не е се перени. И има големи шанси вградениот послужавник пред вас да има измет на него. "Работев во Саутвест како стјуардеса. Ќебињата и перниците? Да, нив само ги предиплувавме и ги враќавме назад во кутија. Исто така ако некогаш сте ги истуриле вашите кикирики на послужавникот на седиштето пред вас и сте ги изеле, или ако воопшто го имате допрено послужавникот, постои голема веројатност дека во себе сте внеле бебешки измет. Имам видено повеќе бебешки пелени на овие послужавници, отколку храна. Исто така, никогаш немам видено некој да ги чисти или дезинфицира."

Капетанот смее да те уапси на сред лет. "Капетанот има речиси неограничена власт кога ќе се затворат вратите. Тој може да апси луѓе, да пишува казни, па дури и да го запише тестаментот на патник кој умира."

Пилотите заспиваат кога се во лет. "Меѓу 43 и 54 проценти од пилотите анкетирани во Британија, Норвешка и Шведска, признале дека имаат заспано додека летале со патнички авион."

Со маските добиваш околу 15 минути воздух. "Кога ќе се појават маските за кислород имаш воздух за околу 15 минути откако ќе ги ставиш. Доброто е што ова е доволно време за пилотот да го симне авионот на пониска висина на која можете нормално да дишете."

Стјуардесите некогаш го пролонгираат делењето вечера надевајќи се дека ќе заспиете. "Посебно на ноќни летови, се случува малку да го одложиме делењето вечера и ќе почекаме да заспиете за да имаме помалку работа."

Никогаш немој да пиеш нефлаширана вода во авион. "Немој ниту да ја допираш водата, ако не доаѓа од шише. Најмногу затоа што цевките за празнење на изметот од тоалетот на авионот и за полнење на водата во авионот се одвоени само десетина сантиметри една од друга, и најчесто со нив работи еден ист човек."

Заради безбедност пилотите добиваат различни оброци. "Двајца пилоти добиваат две различни јадења и не смеат да земаат еден од друг. Ова се прави заради безбедност во случај на труење."

Вашите стјуардеси најверојатно не ги следат правилата за мобилни телефони. "Откако ќе ви кажат на сите да ги исклучите телефоните, тие одат на своето место го вадат телефонот и почнува со пишување пораки."

2 април 2014 - 12:12