Супермаркетот за храна со минат рок

Иако по концепт наликува на некои локални маркети, разликата е што тука целата храна намерно е со истечен рок ама не за да го збогати газдата туку за да им олесни на оние што не можат да си дозволат да ја купат по редовна цена.

Се работи за дански бренд супермаркети по име ВиФуд, чија прва продавница е отворена на 22-ри февруари во Копенхаген. Политиката е дека целата храна во супермаркетот е најмалку 50% поевтина отколку во регуларна продавница. Освен поевтината храна за луѓето со помал буџет, цел на проектот е и да се намали количината на храна која се фрла од страна на регуларните супер маркети.

Целата работа во последнава година ја поставува една локална непрофитна организација. Главниот проблем што тие го имаат во овој период е да се протурка потребната законска рамка за функционирањето на овој супермаркет.

Тим волонтери од организацијата се задолжени за собирање на храната со минат рок од супермаркетите низ градот. Според нивни статистики во Данска секој ден се фрлаат речиси 700.000 тони храна. На глобално ниво е 1,3 милијарди тони храна на ден.

Данците и до сега добро се справуваат со фрлањето храна, па во последните 5 години успеваат ова да го намалат за 25 проценти. Тие веќе имаат и востановена пракса во маркетите, каде храната чиј рок е пред истекување речиси секаде се продава по пониски цени.

Околу безбедноста на храната од ВиФуд објаснуваат:

"Рокот на траење се однесува на свежината на производот. Ова не значи дека по овој рок производот станува отровен. Во многу случаи, по истекувањето на рокот, производот нема да биде свеж како што бил некогаш. Иако има одредени производи што одма треба да бидат фрлени, како мувлосан леб, сепак новата пракса ќе го намали фрлањето храна."

29 февруари 2016 - 18:21