Стравот на Маск e колапс на популацијата

Човекот што има шест деца смета дека колапсот на глобалната популација е најголемиот ризик за човековата цивилизација, „ќе биде тажен крај (на цивилизацијата) кога младите во пракса ќе бидат робови на грижата за старите“.

Наспроти сегашната претстава за пренаселеност на планетава, Маск смета дека не чека колапс на човековата цивилизација, и рокот за тоа според него е 20 години.

Пресметките што тој ги пренесува се дека целосната човекова популација може да ја собере во Њујорк, градот не сојузната држава, на еден спрат.

„Светот ќе доживее масовен колапс на популацијата во следните 20 години. Стапката на новороденчиња е многу ниска.

Луѓето мислат дека има премногу народ само затоа што живеат во град.

Ако си во авион и ако фрлиш ѓуле, колку често ќе погодиш човек? Во основа, никогаш,“ порачува Маск.

Од човештвото низ цела своја историја бележи раст на популацијата, со тоа што моменталните проекции се дека овој нагорен тренд е на својот крај. Се очекува на крајот на веков глобалната популација да достигне нула раст, состојба во која бројот на населението ниту расте ниту опаѓа.

За да се одржи бројот на населението во развиените земји потребно е да се одржува стапка на плодност од 2,1 дете на секоја жена, додека во земјите во развој бројката е 3 деца.

Опасноста од ваквиот пад на населението меѓу другото ќе значи зголемен број на стара популација која достигнува стари години благодарејќи на напредокот на медицината, и недоволно млада популација која би го полнела премиер пензискиот систем или директно би се грижела за постарите.

Главно стравот околу пренаселеност потекнува од книгата на професорот од Станфорд, Пол Ерлих, „Популациска бомба“ од 1960-те, во која се алармира за огромни социјални немири и глобален глад во 1970-те и 80-те, како резултат на преголем број луѓе на планетава и се повикува на ограничување на растот на популацијата.

29 ноември 2021 - 14:06