Руски дипломати на дресина излегле од Северна Кореја

Руски дипломати и нивните семејства ја напуштиле Северна Кореја со железничка количка на рачен погон. Немало друг начин заради мерките донесени поради пандемијата која во земјата, официјално, ја нема.

Групата од осум лица минала 32 часа патувајќи со воз, потоа два часа со автобус за последната делница да ја минат со железничка количка наречена дресина.

Агенцијата Интерфакс јавува дека дипломатите со семејствата потоа биле префрлени од Владивосток во Москва, Северна Кореја тврди дека нема случаи на ковид но ги затвори границите и сиот патнички сообраќај со други земји.

28 февруари 2021 - 11:29