Порното штети на сеќавањата

Колку повеќе гледате порно толку помалку памтите, е загрижувачкиот заклучок на истражувањето кое доаѓа од земјата која се разбира во порно - Германија. Плус, не сакајќи имаат откриено зошто имате толку дупликати во фолдерот со порно слики.

Германците ја следеле работата на делот од мозокот задолжен за чување на информациите, додека испитаниците разгледувале најразлични компјутерски фотографии.

Дел од фотографиите биле порнографски, дел без никаква врска со секс. На регуларните фотографии имало луѓе во најразлични ситуации (смеење, спортување, носење оружје). Порно фотографиите имале порно.

Додека ги гледале сликите, испитаниците требало да одговорат дали сликата што ја гледаат е дупликат или не, стискајќи на едно од двете копчиња.

Резултатите се: 20% неточни одговори кога се гледаат регуларни слики, 33% неточни одговори кога се гледа порно.

Бидејќи во истражувањето учествувале само хетеросексуални мажи, не е познато дали исто однесување може да има и кај геј мажи и жени.

17 декември 2012 - 17:54