Дали сте подготвени со јадење да го заработите својот појадок

Ресторан во Британија има масовна кладба со сите муштерии - изедете го појадокот што ви го даваме и ништо не мора да платите. Појадокот тежи 4 кг и 6.000 калории.

Станува збор за ресторанот Jesters Diner's кој појадокот "Kidz Breakfast" го нуди комплетно бесплатно ако успеете да го изедете во рок од еден час. Ако не успеете, ќе треба да платите 15 фунти.

 

Станува збор за крајно успешна идеја, која сериозно го кренала бизнисот на ресторанот. Од стотиците вакви појадоци кои биле порачани, до сега само еден човек успеал да го изеде целиот во рок од 1 час, плус на сето ова е и бесплатната реклама и муабет кој го добива ресторанот.

Докторите не се премногу среќни со менито.


Појадокот содржи:

- 12 парчиња сланина
- 12 колбаси
- 6 јајца на око
- 4 парчиња црн пудинг (вид на колбас)
- 4 парчиња леб со путер
- 4 парчиња тост
- 4 парчиња пржени лепчиња
- 2 hash browns (пржен компир)
- Омлет со 8 јајца, кашкавал и компир
- пржен компир
- грав
- домати
- шампињони

 

Неколку од хероите што се обиделе да го изедат појадокот:

  

  

 

 

 

7 февруари 2013 - 13:55