Подготвени за Апокалипсата

Стотици несудени советници и градоначалници во Македонија денеска го живеат "Денот потоа". Но, не сите имаат среќа апокалипсата да им ја соопшти ДИК. Во САД постојат три милиони луѓе на кои животот им се состои од чекање да пропадне светот.

Фрапантна цифра од три милиони Американци практично не прават ништо друго освен што се подготвуваат да пропадне светот.

Ги има на National Geographic ("Doomsday Preppers") и моментално во Америка тоа е најгледаната серија на овој интернационален кабелски канал.

Секој од нив си има свој омилен начин на кој планетата ќе пропадне, но во крајна линија тоа не им е битно: економски колапс, глобално затоплување, нуклеарна војна, општа терористичка распаљотка, удар од метеор.... што и да е, тие се подготвени да бидат Ноева арка.

Логистиката која ги поддржува во плановите е бизнис вреден повеќе милијарди, затоа што милиони Американци трошат илјадници долари постојано обвновувајќи ги своите залихи на храна, медикаменти, вода, скривници, гориво, оружје и сè што мислат дека ќе им биде потребно да ја преживеат Апокалипсата.

Бизнисот на опремување на "подготвените" особено цветал последнава година.

Самите не ја обожаваат емисијата за нив, бидејќи во неа се говори и за темните страни на ова "движење". Имено, мајката на масовниот убиец Адам Ланза била една од нив. Таа прво настрада по што синот го започна крвавиот поход во кој настрадаа 20 ученици и 6 професори.

Дел од "подготвените" се обидуваат да ја убедат околината дека не се сите ментално нестабилни манијаци опседнати со оружје, но признаваат дека меѓу нив има и такви.

Еден од подготвените вели дека добрата страна на сите негови залихи е што ако некој ден остане без работа, ќе може да го издржува семејството најмалку една година без да зависи од помош на државата.

 

25 март 2013 - 09:57