Невидливата популација на ЕУ

Се работи за луѓе кои се дојдени во Европа повеќе години пред бранот мигранти од 2015, и кои цело ова време работат, живеат и трошат во Европа, а притоа ниту една влада ги нема ни заведено, ни знае дека постојат.

Она околу што се согласуваат овие луѓе и властите (барем во Барселона) е дека најпогрешен е ставот на политичарите кои тврдат оваа популација претпочита да живее во легален самрак и притоа да нема пристап до никакви јавни сервиси или заштита.

За разлика од последниот бран бегалци, добар дел од староседелците нелегални мигранти се дојдени како туристи или со привремена работна виза и никогаш се немаат вратено назад, ниту одјавено од земјата.

За сега главниот успех на локалните власти во евидентирање на оваа популација се базира на нејзино вклучување во сервиси како здравствена заштита, јазични курсеви а во некои случаи и правна помош. Вакви сервиси лесно и „се продаваат“ на јавноста бидејќи тие истовремено помагаат во намалување на здравствени проблеми, криминал, нелегално вработување и слично.

Она што е генерален проблем на сите вакви проекти е што никој не ја знае точната бројка колку луѓе брои „невидливата популација“. Најпрецизната бројка ја има проект финансиран од ЕУ според кој во Унијата во 2008 имало меѓу 1,9 и 3,8 милиони нерегулирани луѓе. Ова пребројување е оспорено како заради огромната маргина на грешка, така и затоа што таа не е апдејтувана со новиот бран бегалци по 2015.

Едно друго пребројување трга од друга страна и ги зема предвид над 5 милиони не-ЕУ граѓани од кои меѓу 2008 и 2017 е побарано да ја напуштат Унијата. Според официјални бројки, околу 2 милиона од нив се вратиле во својата земја. Официјалната стапка на повраток на граѓаните паѓа од 46% во 2016 на 37% минатата година. Дел од проблемот со враќањето е дека земјите од каде потекнуваат мигрантите одбиваат да ги прифатат бегалците назад, наведувајќи дека нивните документи за потекло се лажни. Во ваква ситуација мигрантите не можат ниту да го унапредат својот правен статус во ЕУ, ниту пак можат да се вратат дома.

Официјалниот термин што го имаат избрано заглавените е „луѓе без документи“. Матниот правен статус на овие луѓе не го менува фактот дека тие и понатаму треба секој ден да јадат, спијат, да се облекуваат и ред други основни потребштини, што на крај се решава преку работа и егзистирање на црно, што заради спората работа на институциите придонесува до постојан раст на популацијата на чекање.

Пример Белгија меѓу 1999 и 2002 веќе има спроведено амнестија за сите жители без документи. Предлозите за репризирање на оваа одлука денес се оспорени од белгиската НВА, фламанска националистичка партија, која бара протерување на „трансмигрантите“, група луѓе која патува низ Европа, најчесто преку Северна Африка и Медитеранот.

Од перцепција на луѓето без документи работите се спротивни „луѓето зборуваат за мигрантска криза, но во реалноста постои криза на прифаќање. Денешните мигранти се утрешните луѓе без документи“.

8 октомври 2018 - 13:51