Можно ли е политичарите да се поинакви?

Слично како и овде, просечниот Американец веќе е или опседнат, или разочаран или избезумен од случувањата околу изборите. А нема попрецизно опишан американски просек од ликовите на Хомер и Марџ кои во новото видео решаваат да ја разгледаат алтернативата.

Една ноќ Марџ се буди од кошмарниот сон во кој се прелеал гневот и навредите кои ги слуша денски во претседателксите пресметки.

"Знам дека изгледа лошо", ја смирува Хомер "но пробај да замислиш поинаква Америка, онаа во која Републиканците, Демократите и Доналд Трамп се согласуваат".

И почнува да се одмотува таа посакувана верзија во која политичките противници имаат само убави зборови еден за друг (музички бонус: Мервин Геј "How Sweet It Is (To Be Loved By You).")

Но дури ни во фантазија таа приказна не држи долго.

На крајот е јасно дека Марџ и Хомер не можат да се откачат од она на што се навлекле.

- Шшшш, сакам да видам кој ќе победи, вика Марџ.

- Сите сакаме, драга, сите сакаме, вика Хомер.

24 февруари 2016 - 12:01