Москва во најснежната зима во последните 100 години

Кај нас времето е ненормално во смисла што се однесува како за некој ден да ќе биде 2-ри мај, во Русија времето е ненормално во смисла што во Москва до сега има паднато 2 метра снег.

Во понеделникот 45.000 работници и 15.000 парчиња најразлична механизација се обидуваа да ги исчистат новите 26 сантиметри снег што паднаа вечерта.

Дента гужвите во сообраќај станаа до толку неверојатни што враќањето од работа до дома траеше меѓу 5 и 10 часови, просечната брзина на на улиците изнесувала меѓу 7 и 9 километри на час.

Заради снегот во еден ден биле забележани 3.000 сообраќајни несреќи (без да се сметаат малите инциденти).

Минатиот месец рускиот блогер Кирил Умрикин, направи воздушна фотосесија од Москва.

6 февруари 2013 - 15:31