Низ дијамантски прстен да те гледам, во срце да ми влезеш?

Mитот за задолжителниот дијамантски веренички прстен

Адетот е дека младоженецот треба одвои две до три месечни плати за да купи веренички прстен, сума која се базира исклучиво на она што најголемиот производител на дијаманти во светот го порачува во своите реклами.

Самата идеја за веренички прстен воопшто не е пракса до 30-те години на минатиот век. До Втората светска војна само околу 10% од вереничките прстени содржат дијамант, за на крајот од 20-от век ова да изнесува 80%.

Она што се менува во 1930-те, е почетокот на маркетинг кампањата на производителот на дијаманти Де Берс, кој тогаш се наоѓа во една од најголемите кризи. Во 30-те во Америка владее Големата депресија, што најдиректно влијае на приходите на Де Берс кои контролираат 60% од дијамантите што се произведуваат во светот.

Во 30-те кампањата е дека на прстенот треба да се потроши 1-месечна плата, за во 80-те Де Берс да ја апдејтува и сега порачува дека треба да се потроши 2-месечна плата. Пораките на рекламите се следни:

- 2-месечната плата и покажа на идната г-ѓа Смит каква ќе биде идната.

- Како можеш да направиш 2-месечна плата да трае засекогаш?

Главниот успех на децениската кампања доаѓа во 1947-ма кога маркетинг агенцијата NW Ayer and Son (напишано конкретно од Френцис Герети), го смислуваат слоганот "Дијамантите се засекогаш."

"Овие два успеха - претворањето на дијамантскиот прстен во задолжителен дел од венчањето и наметнување колку треба човек да плати за него - ја прават една од најуспешните маркетинг кампањи на сите времиња.

Тие измислија традиција која ја опфати потајната желба да се обележи оваа прослава на љубовта.

Откако ја создадоа традицијата, тие сега можеа да стават цена на неа," објаснува професорот по маркетинг и стратегија на Мидлесекс Универзитетот др. ТЦ Мелевар.

Успехот на кампањата во 30-те и 40-те е толку голем, што по Втората светска војна таа се фаќа и во Јапонија каде што воопшто не постои ваква традиција. Следни земји кои се на ред да бидат стандардизирани околу начинот на кој го одбележуваат највисокиот чин на љубов се Индија и Кина.

Моментално во САД на веренички прстен се трошат во просек околу 4.000 долари, додека просечната плата во земјата е нешто над 3.000 долари. Треба да се има во предвид дека најголемиот дел од младоженците се помлади мажи, кои се уште се на почетокот од својата кариера, па веројатно и не земаат просечна американска плата. Во Британија просекот за прстен е околу 2.070 долари.

"Ова правило е многу веројатно дека ќе остане. Секогаш ќе постои прашањето кој го има поголемиот прстен, се додека девојките се споредуваат, а мажите сакаат да бидат први," порачува професорот.

Инаку:

17 мај 2014 - 16:50