Марихуана по политичка потреба

Американските Демократи гордо најавија дека ќе буткаат закон за федерална легализација на марихуаната. Демократите можеа да го донесат истиот закон кога Обама беше на власт. Само што тогаш не им требаа младите.

Лидерот на малцинството на Демократите во Сенатот најави закон за легализација на марихуаната на сојузно ниво. Поточно за нејзино вадење од листата супстанци кои подлежат на стриктна регулатива на ниво на федерација. Тоа практично значи дека на сојузните држави им се дава комплетна слобода да ја изведуваат својата либерализација, од медицинска до рекреативна употреба.

„Слобода. Ако пушењето марихуана никому не нанесува зло, зошто не би им дозволиле на луѓето да го прават тоа и да го водиме како криминал?“, објасни за Вајс водечкиот Демократ Чак Шумер.

„Браво, фино, прифаќаме“, велат Младотурците (интернет медиум), но заради расветлување на контекстот, важен за разбирање на политичките одлуки, потсетуваат дека таков закон истите тие Демократи можеа многу полесно да донесат во ерата на Обама.

Со други зборови, политичарите еволуираат само кога политички им одговара таквата еволуција.

21 април 2018 - 18:31