Макрон за 3 месеци спискал еден Голф на шминки

Францускиот претседател во рок од 3 месеци има потрошено 26.000 евра на шминка, што во просек му доаѓа дека Макрон три месеци секој божји ден давал по 280 евра за пудри, коректори, руж и сличен арсенал.

Според извештајот од Ле Поинт магазинот, личниот шминкер на Макрон има пратено две фактури до француските власти, првата во износ од 10.000 евра, а втората за 16.000 евра, за шминкање на претседателот за време на патувањата и пред прес-конференциите.

Одговорот од Елисејската плата е дека трошоците за шминка во иднина ќе бидат "значително намалени", притоа не заборавајќи да нагласат дека сумата што ја потрошил Макрон е помала отколку фактурите за исти расход од неговите претходници.

Кога сме кај претходниците, фактурата на Оланд за шминка изнесувала 30.000 евра за 3 месеци, вклучувајќи ја и платата на шминкерот. Плус, Оланд, инаку човек од ќелава вероисповед, има и личен фризер на кој му плаќал плата од 9.895 евра месечно.

Сакрози трошел нешто помалку од Макрон на шминка и месечно плаќал 8.000 евра (или 24.000 евра по тромесечје).

Последните анкети покажуваат дека поддршката за Макрон е падната на 37 проценти. По изборите во мај, оваа поддршка изнесуваше 57 проценти.   

25 август 2017 - 11:04