Лага, за да ви биде подобро

Наспроти се она што сте чуле и што ве учеле вашите, многу е подобро да не бидете искрени со себе.


Се додека не прејде во навика и столб на вашето однесување, само-измамата во одредени случаи е пожелна бидејќи помага во остварување на цели и општо создавање на подобро чувство за самите себе.

Верувањето дека сме поталентирани или поинтелигентни отколку што сме, може да ни помогне да го зголемиме нашето влијание и да ги освоиме другите.

"ЦЕО кој ќе се увери себе си дека е одличен говорник, не само што ќе се чувствува подобро додека е на говорница, туку и ја зголемува својата моќ да ги прелаже луѓето, имајќи уверен став кој ги убедува дека тој навистина е добар," објаснува професорот по антропологија Роберт Триверс.

Освен за подобрување на егото, голем број луѓе се лажат себе си со цел да избегнат некои проблематични промени што треба да ги направат.

Ваквото однесување има две негативни крајности, првата е сериозно навлекување на успех или јавен имиџ, втората е хронично избегнување на одреден проблем, објаснувајќи си себе си дека ќе го реши во иднината.

Она околу што не можат да се разберат научниците е што точно се случува во мозокот за време на само-измамата. Не станува збор за лажење или симулирање пред самиот себе, туку во прашање се многу подлабоки, психолошки сили кои нè спречуваат да си признаеме вистина која може да биде сериозна закана за нас.

1 август 2012 - 12:34