Кина, џинот на светот

Кина за прилично кратко време успеа да стане втората по големина економија во светот. Најголемиот дел од овој успех се должи на евтината работна сила и производството од џиновски размери.

Некои од ставките според кои кинеското производство прави остатокот од светот да изгледа небитен.

- Кина произведува 17 пати повеќе клима уреди по жител отколку остатокот на светот

Кинеското производство на клима уреди
109 милиони

Кинескиот удел од светското производство
80%

Кина произведува 81,1 клима уред на 1.000 лица, споредено со 4,8 уреди во остатокот во светот.

- Кина произведува 40 пати повеќе персонални компјутери по жител отколку остатокот на светот

Кинеското производство на компјутери
320,4 милиони ПЦ-а

Кинескиот удел од светското производство
90,6%

Кина произведува 238,3 ПЦ на 1.000 лица, споредено со 5,9 ПЦ во остатокот од светот.

- Кина произведува 16 пати повеќе штедливи сијалици по човек отколку остатокот на светот

Кинеското производство на штедливи сијалици
4,3 милијарди

Кинескиот удел од светското производство
80%

Кина произведува 3,2 сијалици по жител, споредено со 0,2 сијалици во остатокот од светот.

- Кина произведува речиси 6 пати повеќе свинско по човек отколку остатокот на светот

Кинеското производство на свинско месо
51,5 милиони тони

Кинескиот удел од светското производство
49,8%

Кина произведува 38,3 килограми свинско по жител, споредено со 6,7 килограми во остатокот од светот.

- Кина има 11 пати поголем капацитет за производство на сончева енергија по човек, отколку остатокот на светот

Кинескиот капацитет за производство на соларна енергија
21,8 гигавати

Кинескиот удел од светското производство
74%

Капацитетот на Кина за сончева енергија е 16,2 киловати по жител, споредено со 1,4 киловати во остатокот од светот.

- Кина произведува 7 пати повеќе парови чевли по жител отколку остатокот од светот.

Кинеското производство на чевли
12,6 милијарди парови

Кинескиот удел од светското производство
63%

Кина произведува 9,4 парови чевли по жител, споредено со 1,3 парови во остатокот од светот.

- Кина произведува 10 пати повеќе мобилни телефони по жител отколку остатокот од светот.

Кинеското производство на мобилни телефони
1,1 милијарда уреди

Кинескиот удел од светското производство
70,6%

Кина произведува 840 мобилни телефони на 1.000 жители, споредно со 83,6 мобилни телефони по жител во остатокот на светот.

- Кина произведува 6 пати повеќе цимент по жител отколку остатокот од светот.

Кинеското производство на цимент
1,8 милијарди тони

Кинескиот удел од светското производство
60%

Кина произведува 1.390 килограми цимент по жител, споредено со 221 килограм по жител во остатокот на светот.

- Кина копа 4 пати повеќе јаглен по жител отколку остатокот од светот.

Кинеското производство на јаглен
1,8 милијарди тони

Кинескиот удел од светското производство
48,2%

Кина произведува 1,3 тони по жител, споредено со 0,3 тони по жител во остатокот на светот.

- Кина има 3 пати поголем капацитет за изградба на бродови по жител отколку остатокот од светот.

Кинескиот капацитет за градење бродови
76,6 милиони тони

Кинескиот удел од светското производство
45,1%

8 февруари 2013 - 16:43