Како мермерните споменици ја направија човековата историја бела

Ниту спомениците, ниту животот во времето кога тие се создадени, не се ни приближно минималистички како што изгледаат денес. И ова не би било многу проблем, кога истото тоа белило не би се користело низ историјата како аргумент за доминантноста на белецот, а подоцна и за етничката чистотата на античките општества.

Иако белиот мермер е основата тој ретко кога е оставен таков. Наместо тоа, спомениците најчесто се шарени и украсувани, што според различните стилови на уметниците, што според различните народи и раси кои во тоа време живеат во тие општества.

Професорката од Универзитетот во Ајова, Сара Бонд, објаснува дека ова денес што го гледаме се избледени верзии на статуите. Еден од нејзините аргументи потекнува од уметничките слики од античко време, на кои редовно се појавуваат луѓе со црна или кафена боја на кожата, а и покрај тоа речиси и да нема друг вид на статуа освен бела.

Друга работа, без разлика како е прикажан по филмови и слики, Гај Јулие Цезар најверојатно имал темен "медитерански" тен.

20 јули 2017 - 11:16