Како да се има тело како Џесика Алба?

Познат фитнес експерт одговара брутално искрено на ова прашање кое копка милиони жени низ светот: Ако не ви е работа да бидете Џесика Алба, тогаш никако.

Боб Харпер е кросфит гуру и тренер на луѓето од шоуто "The Biggest Loser". За Us Magazine бил замолен да објасни како жените можат да имаат тело за бикини од типот на Џесика Алба.

Неговиот одговор гласи вака:

"Кога ги гледате славните лица, не заборавајте дека тие живеат од начинот на кој изгледаат. Тоа им е работа, да изгледаат онака како што изгледаат. Ако имате 8 часовна работа, па потоа брзате да ги земете децата и да средите по дома, бидете свесни дека немате време да ги стигнете".

Тоа што не може да се обликува тело како на познат бикини модел не значи дека човек не треба да изгледа најдобро што може да изгледа, порачува Харпер.

Според него, најдобрата единечна вежба која човек може да ја прави за да постигне максимално добар ефект за своето тело е оваа:

25 мај 2013 - 09:44