Како Чарлс Дарвин би им ја објаснил еволуцијата на деца

Еден од најголемите скриени таленти на малите деца е да те доведат до границите на твоето знаење во не повеќе од 5 прашања.

За да не се најдете избезумени околу едно од основните прашања што мислите дека ги имате покриено, Крис Дарвин, инаку пра-пра-внук на Чарлс Дарвин, портпарол за заштита на загрозените животни и татко на 3 деца, објаснува како дедо му би одговорил на прашање од дете околу еволуцијата.

Од каде потекнуваме?
Никој не е 100% сигурен, бидејќи тоа се случило пред 3 милиони години, и првите луѓе веќе не се меѓу нас за да можат да ни посочат од каде сме. Има научници кои целиот свој живот го посветиле на ова прашање, и најголемиот дел од нив се согласуваат за тоа што веројатно се случило: потекнуваме од примати, како мајмуни, горила и шимпанза.

Како мајмунските луѓе се претвориле во луѓе луѓе?
Според најголемиот број научници кои го изучувале прашањево, работите отприлика вака течеле: имало две групи на примати - веројатно шимпанза, бидејќи ако и нас и нив не' ставиш под најјакиот микроскоп во светот, ние сме прилично слични - кои во Африка живееле едни до други. Една од овие групи живеела до еден куп дрвја, кои им давале најразлични корисни работи, како засолниште и храна. Другата група немала многу дрва, па тие биле присилени да минат што е можно повеќе време на земја и на отворено.

Втората група почнала работите да ги прави поинаку од првата група, на пример како одење исправени, што е многу побрзо отколку одење на сите четири, како што правела првата група. Во текот на милиони години, овие разлики станале уште поизразени, се додека втората група не почнала да наликува на нас, а првата група останале шимпанза.

Ок, ама зашто мајмунските луѓе станале луѓе луѓе?
Тоа е еволуцијата: животните се менуваат со тек на времето за да преживеат во местото каде што живеат. Некои животни еволуираат и имаат остри заби и големи канџи со кои можат да ја уловат вечерата. Други животни еволуираат оклоп или крлушки за да се заштитат себе си и да не бидат изедени како вечера. Другите еволуираат летање или качување за да избегаат. Како што луѓето еволуираат од шимпанза, ние не сме добиле ниту една од тие работи.

Наместо тоа, ние имаме многу, многу паметен мозок. И сме преживеале затоа што сме го користеле овој мозок за да смислиме начин како да се спасиме од проблемите. Плус, затоа што сме еволуирале за да одиме на 2 нозе наместо на 4, ние сме добиле и раце, кои во комбинација со нашиот паметен мозок, ни дозволува да правиме работи како градење куќи, правење облека и оружје и - со тек на време - да ги создадеме некои од најважните работи. Како Лего. И сланина.

Ама ако потекнуваме од мајмуни, зошто тогаш немаме опашка?
Па, ние најверојатно потекнуваме од шимпанза, кои немаат опашки. Ама, ова е добро прашање бидејќи опашките се закон и би олесниле многу работи - како качување на дрва, на пример. Ама па, многу ќе го отежнат седењето, а без седење, како ќе играме видео игри?

Прашање од големите
Како да одговорам на прашања за креационизмот?
Најважниот збор на кој ги учам моите деца е "зошто." Само затоа што тато ќе ти каже нешто, не значи дека тато е во право. Она што сакам да го постигнам кај моите деца и да не го прифаќаат тоа што им се кажува, туку да ги разгледаат доказите. Децата се стварно добри мислители ако им дадеш шанса. Ние зборуваме за теоријата за креационизмот, и да бидеме искрени, има шанси и таа да е вистинита. Ако Господ ги создал сите животни и растенија и им дал ДНК, ги распоредил сите на планетава, и под нив во земја закопал фосили, тогаш и тоа функционира како теорија.

Ќе бидам многу изненаден ако во рок од 20 или 100 години, нашата сегашна теорија за еволуција не се покаже дека била барем малку неточна. Може да биде и многу неточна, може и малку, ама на некој начин ќе се докаже дека некаде греши. И мислам дека тоа е здраво. Она што им го велам на моите деца е "пробајте да се оддалечите од идејата за точно и неточно. Се' зависи од доказите."

Па ако твоето дете ти каже дека неговото другарче Синди вели дека луѓето потекнуваат од Господ а не мајмуни, само објасни му во што веруваш и зошто веруваш во тоа. И потоа кажи му на твоето дете да и каже на Синди дека потекнуваме од шимпанза, а не од мајмуни.

Кои се доказите за еволуцијата:

Луис Ц.К. за бескрајноста на детските прашања:

7 октомври 2015 - 11:15