Изгледа отупевме на тероризам

Процената е дека со инсистирањето на создавање состојба на постојана опасност од терористички напади (големи или мали), ИСИС наместо чист страв успеа да креира замор кај јавноста низ светот во однос на истите.

„Ова може да го направи шокантното да изгледа како релативно нормално. Луѓето да отупат кон насилството. И како што некогаш шокирачкото насилство почнува да станува нормално, тие повеќе не се во можност да го соберат неопходниот гнев или сочувство потребни за реакција,“ пишува Амарнат Амарасингам и Колин Кларк во текстот за Слејт.

И не само што ИСИС инсистира само да се спроведуваат напади, туку тие во последно време се повеќе ја преземаат одговорноста за напади што немаа никаква врска со нив, меѓу нив и масакрот што го изврши Американецот од хотел во Лас Вегас.

„ИСИС изгледа дека следи ’лавабо пристап’ во преземањето одговорност за напади. Групата подеднакво е подготвена да преземе одговорност за нападите во Батаклан во Париз 2015, колку што е подготвена и да ја преземе одговорноста за напад во кој со нож е повреден само еден полицаец. Стратегијата на ИСИС е да продолжи да одржува високо оперативно темпо на напади низ светот, а посебно на Западот, со цел да направи заканата од тероризам да изгледа сеприсутна.

Претпоставката е дека повеќе тероризам неизбежно ќе значи поисплашени луѓе, меѓутоа одредени истражувања го покажуваат спротивното. Во основа, луѓето наоѓаат начин како да интегрираат и нормализираат дел од насилството како дел од нивниот живот, и да прават постратешки избор како да навигираат низ заканите. Ова е точно без разлика дали станува збор за тепачка во бар, за населби запоседнати од банди, или тероризам. Избегнуваме одредени места за собирање или не одиме во одредени населби откако ќе се стемни, и ваквото однесување станува точка на отпор на секојдневните луѓе кои пресметуваат кој и што треба да избегнат во текот на денот.

Стратегијата на ИСИС не е насочена кон преговарање на некое трајно политичко решение, туку спроведување на тековна одмазда, поделба на општеството, и присилување на владите да претераат во својата рекација, што на крај ќе им помогне на терористите поефикасно да регрутираат додека истовремено го потврдуваат сопствениот наратив дека Западот е во војна со Исламот,“ порачуваат двајцата автори.

3 ноември 2017 - 16:15