Германски автобуси за германски граѓани

Во Есен беа пуштени во погон неколку градски автобуси на кои јасно се обележени седиштата за германски граѓани и за оние другите. За да се задржи историската веродостојност седиштата за овие вторите се во задниот дел од автобусот.

Поделбата на седиштата е експеримент на локалната телевизија ВДР, и е во соработка со градскиот превозник кој дозволи постават камери во автобусите. Втор дел од експериментот се група актери, меѓу кои има црнец, жена со шамија на глава и кондуктер кој ги спроведува новите правила.

Замислата е да се види како останатите патници ќе реагираат кога кондуктерот ќе побара од неподобните патници да станат од местата што не се за нив, и да се преместат во задниот дел од автобусот.

Реакциите се конзистентни, патниците речиси секогаш интервенирале во рок од 30 секунди, во распон од "И тие се луѓе како и секој друг," "какви глупости се ова" до "роден сум во 1935 и не сакам пак да ги гледам Нацистите." Според продуцентите на шоуто, патничките биле посебно брзи да "скокнат" за да им помогнат на луѓето.

Видеото е на германски ама поентата се разбира:

27 јуни 2015 - 12:14