Европските коли ќе имаат црни кутии

Веќе следната година би можеле да бидат воведени револуционерни промени во европскиот сообраќај. Се предвидуваат задолжителни цртни кутии, звучни предупредувања за пречекорување на брзината, системи за автоматско кочење и детекција на пешаци и велосипедисти. Сам да не си правиш технички преглед, таа лекција им нема влезено во радар.  

Со предлогот усвоен од надлежниот одбор на Европскиот парламент е предвидено во следните години сите автомобили како сериска опрема да имаат состав за ограничуивање на брзината (Intelligent Speed Assistance - ISA). систем за преоѓање во друга лента, уреди за снимање на случувањата во автомобилот, системи за автоматско кочење и детекција на пешаци и велосипедисти. 

Во една од фазите беше предлагано и задолжително вградување алко-тестери во автомобилите но тоа не се најде во финалниот предлог. Ако уредбата се усвои, сите автомобили ќе мора да имаат вграден ГПС и камери за препознавање на знаците на патот. Тој систем ќе го предупреди возачот дека вози побрзо од дозволеното, па со звучни сигнали (како со појасот) ќе инсистира да се намали брзината. Ваквата обврска ќе значи сериозен удар за производителите на автомобилски ѕверови па се очекува тие со лобирање допрва да го омекнуваат предлогот.   

Според овој предлог, во иднина автомобилите би биле опрeмени со „црни кутии“ кои би снимале случувања во автомобилот а снимките би се корустеле во случаи на сообраќајни незгоди за да се утврди нивната причина.

Советот за сигурност во сообраќајот бара промените почнат да важат веќе во 2020 година бидејќи сегашните уредби се застарени и не се менувани уште од 2009-та година.

Главна причина за гинење на европските патишта е пречекорување на брзината. На нив неделно гинат по околу 500 луѓе. Проценките велат дека доколку брзината би се намалила за само еден километар, на ниво на ЕУ годишно би се спасиле 2.100 човечки животи.

28 февруари 2019 - 11:42