Ле Монд:

Европа мора да најде начин да работи со популистите

Пред две години во интервју за Ле Монд, Жан-Клод Јункер изјавува: „со крајната десница не е возможна никаква дебата или дијалог.“ Пред некој месец на чело на една од најголемите економии на Унијата дојдоа токму крајно десните.

Во времето кога Јункер го дава интервјуто Австрија се крши околу својот следен претседател меѓу кандидатот на крајно десната ФПО и Александер ван дер Белен. На крај исходот беше во корист на Белен.

Тогаш Јункер објаснува: „Не треба да се трудиме да ги задоволиме популистите, кои често пати поставуваат добри прашања ама даваат лоши одговори... јас не сум во искушение да одговорам на овие базични инстинкти. Нема да се валкам со тоа.“

„Како што италијанската десница и Движењето пет ѕвезди ја преземаат власта во Италија, кој тогаш, во Брисел, ќе биде во позиција да ја игнорира владата на една од земјите основачи на Унијата? Никој,“ пишува Сесил Дукортје.

Фајненшл тајмс неодамна популистите и крајната десница ги нарекува „новите варвари“, меѓутоа Дукортје потсетува дека кога „исклучокот ќе стане редовна појава и закана за срцето на Европа, лидерите од Брисел немаат друг избор освен да се среќаваат, преговараат и прават компромиси“ со нив.

„Од мај 2016, крајната десница која бесрамно ја искористува мигрантската криза, имаше и други успеси, и анти-Брисел чувствата се немаат смирено. Во Австрија ФПО конечно се наметна себе си во коалициска влада со традиционалната десница. Во Германија, АФД влезе во Бундестагот. Во Полска, конзервативната, реакционерна влада останува популарна на анкетите и покрај недоразбирањата што ги има со Брисел. Во Унгарија Виктор Орбан во април триумфално беше реизбран за премиер, благодарејќи и на остра анти-имигрантска платформа,“ објаснува Дукортје.

Во ваква ситуација Европската комисија се обиде да покаже мускули и да ја укори Полска, меѓутоа целиот театар заврши со „барање чесен компромис“, додека во исто време Европската народна партија (пан-Европска партија која ги обединува сите традиционални десничарски партии во Унијата) чии членови се и Јункер и Меркел, и понатаму го толерира Орбан и неговите постапки.

„Во секој случај, повеќе не станува збор за ставање на екстремности во карантин, како што тоа беше случај со Австрија во 2000, кога ФПО за прв пат учествуваше во коалициска Влада. Посебно што за еден месец од сега, Виена и нејзината десна / крајно десна коалициска влада ќе го преземе претседателството на Унијата за следните 6 месеци. Секако, младиот конзервативен канцелар Себастијан Курц ја потврди својата посветеност кон ЕУ во моментот кога дојде на функција. Меѓутоа трите самостојни министерства - внатрешни, одбрана и надворешни работи - се во рацете на ФПО.

Европската политика веќе почна да станува контаминирана. Кај мигрантите таа дури и се „орбанизираше“ себе си, работејќи, како што тоа го правеше, цели две години на ’Тврдината Европа’ која беше предложена од унгарскиот премиер. Затворање на границите за економските мигранти, а легален влез резервиран само за политичките бегалци.

А сепак на економскиот фронт, за жал, Брисел не дава никаква знаци дека е подготвен да попушти. Или, да го парафразирам Јункер: да обезбеди прави одговори на правите прашања на екстремистите, да ги одврати италијанските гласачи од лажните лелеци на популистичката крајна десница,“ пишува Дукортје.

8 јуни 2018 - 14:54