Елизабет Ворен докажа декa е Скво

Трамп погрдно ја нарекуваше Покахонтас затоа што на колеџ се пријавила како член на малцинството. Ворен прави ДНК тест и му докажува дека има индијанско потекло. И што е тоа битно? Но, ако ништо друго, ова е сигурен знак за почеток на нејзината кампања за претседател на САД во 2020. Можеби сепак ќе имаме за кого да навиваме.

Слободоумната Елизабет Ворен на луциден начин ја започна својата кампања за учество во претседателската трка. По прозивките на Трамп решила да направи ДНК тест и потоа ги објави резултатите по кои таа има индијанско потекло меѓу 6 и 10 генерации наназад.

Расчистувањето на оваа тема го има скокцано во промотивно видео:

На еден предизборен собир во Монтана Трамп ја нарече демократската сенаторка од Масачусетс Покахонтас (историска личност, Индијанка), фрлајќи ѝ ракавица дека ќе ѝ даде 1 милион долари ако успее да докаже дека е Индијанка, како што се има пријавено запишувајќи се на факултет. 

Сега Трамп се прави Дамб па вика дека никогаш не понудил пари.

„Што е Трамп, проблеми со меморијата? Да викаме доктор“? твитна Ворен која инсистира лајавиот да ја плати изгубената опклада а парите да ги уплати на Националниот центар на нативни Американки.

17 октомври 2018 - 13:13