Дали Дедо Мраз е Бог?

Од една страна само децата веруваат во него, од друга, тој добива многу поголемо внимание од многу други наводно натприродни суштества, како ангели или Сатаната.

Една од главните причини за негирање на овој статус е затоа што христијанството себе се смета за монотеистичка религија, меѓутоа природата на митот за Дедо Мраз има многу сличности со боговите од различни религии.

"Најочигледна сличност е верувањето дека Дедо Мраз има магични моќи, како способност да лета низ светот и да посети неброени куќи за многу кратко време. Тој исто така на располагање има и други натприродни суштества како џуџиња и летачки елени. Како и сите верувања за богови, тој доаѓа со објаснување зошто не го гледаме: доаѓа навечер кога сите спијат.

Меѓутоа најинтересната сличност со другите богови е тоа што Дедо Мраз има специјален пристап до податоците за моралното однесување на луѓето. Ова во психологијата е познато како 'стратешко знаење.' Дури и боговите за кои се верува дека го имаат целото знаење обрнуваат повеќе внимание на човечкиот морал. Како и другите богови посветени на стратешкото знаење, Дедо Мраз има специфични ритуали. Овие ритуали вклучуваат обесување чорапа и оставање понада: колачи и млеко. Боговите кои имаат стратешко знаење исто така имаат тенденција ова некако да го користат, за да казнат или наградат луѓе. Митот за Дедо Мраз го опфаќа и ова, така што Дедо Мраз ги носи заслужените изненадувања за младите верници: играчи за добрите, и јаглен за неумните деца.

Стратешкото знаење исто така е вид на информација за која луѓето е поверојатно да озборуваат. И озборувањето и религијата се сметаат дека функционираат како начин да се натераат луѓето фино да се однесуваат еден со друг. Голем број возрасни помагаат да се одржи илузијата дека Дедо Мраз постои, делумно затоа што мислат дека тоа ќе ги натера децата добро да се однесуваат. Слично, психолозите како Џеси Беринг и Џонатан Хаидт претпоставуваат дека религијата еволуирала (културолошки или генетски) за да ги поттикне луѓето да не мамат во моменти кога наоколу нема друг човек да ги 'фати'.

Меѓутоа фактот дека не постои култ за Дедо Мраз и дека тој нема поголема заедница на вистински верници најверојатно го дисквалификува да биде вистински бог," пишува Џим Дејвис за Наутилус.

25 декември 2014 - 19:04