Бугати губи милиони за секој милион што ќе го заработи?

Вејрон е најбрзиот и најмоќниот сериски произведуван автомобил на светот, и според некои анализи е и најголемата дупка за пари на Бугати.

Според еден неодамнешен извештај од Бернштајн рисрч (компанија за анализи од Вол Стрит), Бугати, а со нив и Фолксваген, губат неверојатни 6,24 милиони долари на секој продаден Вејрон.

Целата нивна математика се базира на огромните трошоци за истражување и развој кои доведоа до создавањето на автомобилот и кои на крај изнесуваа 1,62 милијарди долари. Оваа сума тие ја имаат поделено со бројот на продадени Вејрони, што е околу 40 автомобили годишно од 2009-та. Еден примерок на Вејрон (од регуларната верзија) е 1,5 милиони долари.

Од Бернштајн објаснуваат дека бројките што тие ги дале треба "очигледно се многу, многу приближни" и дека "не треба да се сфаќаат премногу сериозно."

3 октомври 2013 - 18:31