Aмериканската војска купува Вијагра како да ќе снема

На објаснувањето на Трамп дека трансродовите лица нема да можат да служат во американската војска заради медицински трошоци и пречки, реакцијата беше отворање на воениот буџет на САД и чепкање низ трошоците. А таму, 84 милиони долари годишно за Вијагра.

Наспроти сумата што се дава за Вијагра (он-лајн, во легитимна продавница една пилула е околу 2 долари), трошоците за здравствена заштита на трансродовите лица што Трамп ги споменува во својот твит се проценуваат на меѓу 2,4 и 8,4 милиони долари годишно, што е една десетина од парите дадени на лекови за еректилна дисфункција.

Вашингтон пост прави дополнителна споредба објаснувајќи дека во последните неколку години процената за годишните трошоци за трансродовите членови на војската е дека тие се една-десетина од трошокот за развој на Ф-35 или илјадити дел од вкупниот буџет на Пентагон.

Кога сме кај апчињата за перформанси, од 2011 американската војска има потрошено 294 милиони долари (што е цената на четири Ф-35 авиони) на Вијагра, Цијалис и Левитра. Само на Вијагра, Пентагон во 2014 има потрошено 41,6 милиони долари.

28 јули 2017 - 10:18